HomeАктуелноЧеститка и донација по повод Св.Климент Охридски од Почесниот конзул на Р.Србија

Честитка и донација по повод Св.Климент Охридски од Почесниот конзул на Р.Србија

Охрид, Македонија и целиот православен свет ,денес го чествува Св.Климент Охридски кој бил ученик на Солунските браќа Св.Кирил и Методиј Словенски Епископ,Агроном,Лекар едноставно во тоа темно време тој зрачел светлина и надеж меѓу словенските народи со својата благородност и дела.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во ова прилика Почесниот конзулат на Р.Србија во Македонија со седиште во Охрид и братскиот Српски народ упатуваат искрени честитки со најубави желби по повод Празникот Св. Климент Охридски Патрон на град Охрид,до сите граѓани на Охрид и Македонија и сите Православни христијани во светот.
За оваа пригода обезбедивме донација од 70 000 ден за потребите на Основното Училиште Св.Климент Охридски. Со огромна почит и задоволство сакам да ве поздравам мој драги сограѓани и да го честитам Патронатот празникот на градот Охрид Св.Климент Охридски
со еден цитат од Од Св.Климент Охридски кој го пронашол и запишал Архепископот Теофилакт Охридски во 11 век, вели Михајло Филев, Почесниот конзул на Србија.

Браќа, да се отрезниме и да не се именуваме христијани само по име, туку да се потрудиме со добри дела и со кроткост и пост да стекнеме смирение и љубов кон сите, зашто тие ги очистуваат душата и телото и нѐ прават рамни на ангелите, и нѐ водат на небото. И милостина давајте непрестајно, зашто таа ги мие сите прегрешенија од нас, и ги отвора небесните врати. Св.Климент Охридски, додава Филев Почесен конзул на Р. Србија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.