HomeАктуелноКрадец фатен додека го внесувал украденото во возило

Крадец фатен додека го внесувал украденото во возило

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на 08.12.2022 на бул. „АСНОМ“ на подрачје на општина Аеродром- Скопје го лишија од слобода  Ц.Г.(39) од Скопје затоа што бил затекнат при обид да изврши тешка кражба односно да го внесе украденото во возило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од МВР, во извршен службен разговор со полициски службеници од Одделението за криминалистичка работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје Ц.Г.  го признал и појаснил начинот на извршување на кривичното дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.