При претрес пронајдена дрога во стан на 57-годишен скопјанец.
– На 09.12.2022 инспектори од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај А.С. (57) од Скопје. При претресот пронајдени се околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги, шприц со масло од канабис и др, информира МВР.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
