HomeАктуелноДевет технички неисправни автобуси што вршат превоз на ученици, исклучени се од сообраќај

Девет технички неисправни автобуси што вршат превоз на ученици, исклучени се од сообраќај

Денеска (12.12.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради констатирани технички неисправности.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.