HomeАктуелноПаланка блеска во новогодишен сјај, Скопје тоне во сивило и мрак

Паланка блеска во новогодишен сјај, Скопје тоне во сивило и мрак

Социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари за новогодишното украсување на општина Крива паланка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски вели дека за празничното украсување и осветлување воопшто не е потрошен денар од општинската каса, затоа што тоа е донација од компании од општината но и граѓани на Крива Паланка кои се на привремена работа во странство.

Сите пари за украсувањето се обезбедени преку спонзорство од домашни и странски фири. Кога велам странски, мислам на фирми на наши иселеници кои потекнуваат од Крива Паланка и околината. Украсувањето чини вкупно 12.000 евра, без да се потроши ниту денар од градската каса. Цел град е украсен, не само плоштадот. Има поубава и поголема елка, има куќички за греано вино, кафе, чај, колбаси, мекици, новогодишни украси, вели Митовски кој на својот Фејсбук профил јавно им се заблагодари на донаторите.

Но, така е во Крива Паланка, во исто време во Скопје, на две недели до Нова година не само што нема никакво украсување, туку нема ниту најава дали и воопшто ќе го има.

Дел од скопските општини како Ѓорче Петров на пример уште пред неколку денови соопштија дека поради штедење нема да ги украсуваат јавните површини.

Медиумите и социјалните мрежи се преплавени од фотографии од европските и балканските градови кои го живеат празничниот пулс, додека граѓаните и туристите што го посетуваат Скопје, засега се лишени од тоа задоволство.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.