ОУ „Ванчо Николески“ од с.Лескоец, општина Охрид и оваа година доследни на традицијата со одржување на предновогодишната приредба и базар.
Учениците и наставниот кадар имаа подготвено богата програма каде преку игра и песна беа пренесени топлите желби на најмладите.
По настапот на сите ученици беше организиран предновогодишен базар каде родителите им ги купуваа на учениците рачните изработки, додека како што информираат од училиштето сите собрани средства ќе бидат наменети за потребите училиштето односно за збогатување на училишната библиотека и дополнување на надзорните камери во училишниот објект.
УЖИВАЈТЕ ВО ГАЛЕРИЈАТА


Е.Р

