HomeАктуелноРегистрирани над 100 последователни потреси по силниот земјотрес на грчкиот остров Евија

Регистрирани над 100 последователни потреси по силниот земјотрес на грчкиот остров Евија

По земјотресот од 4,9 степени во централниот дел на грчкиот остров Евија состанок ќе одржи специјалната научна комисија за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, со цел да се испита сеизмичката активност во конкретната област, јави дописничката на МИА од Атина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас соопшти дека откако стапил во контакт со министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, ја свикал надлежната научна комисија „со цел да се испита сеизмичката активност во областа Псахна – Халкида и да се покренат следните активности“.

Епицентарот на земјотресот беше токму во овие делови на островот Евија и не е поврзан со оној од 5 степени регистриран на 29 ноември во морскиот дел источно од Евија.

Според грчките сеизмолози, станува збор за познат расед, што може да предизвика и поголем земјотрес.

Денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран кусо пред 14.30 часот по локално време, епицентарот беше на Евија, на околу 65 километри од Атина, а освен на островот, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека не се пријавени ниту материјални штети, ниту добиле повици за помош на граѓани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.