HomeАктуелноПриведени четири лица во Битола затекнати при продажба на пиротехнички средства

Приведени четири лица во Битола затекнати при продажба на пиротехнички средства

На 28.12.2022 на ул„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  ги лишиле од слобода Д.Р.(30), Џ.Р.(33), Д.Б.(34) и Ф.М.(41), сите од Битола. Тие биле затекнати како вршат продажба на разновидни пиротехнички средства.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пиротехничките средства биле одземени,а лицата биле задржани во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.