HomeАктуелноУште една сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Уште една сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

На 23.01.2023 околу 09.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(44) од Скопје и „даеву“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(66) од Кичево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, додава потпаролот на СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.