СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(46) од Охрид и против правен субјект – угостителски објект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохол на малолетници“.
При контрола во угостителскиот објект, полициските службеници констатирале дека пријавениот, како одговорно лице, овозможил точење алкохол на малолетник од Охрид, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
