Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Охрид претежно облачно со повремени врнежи дожд. Минималната температура ќе достигне до 3 степени, а максималната до 12.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
И во наредните денови продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат без поголеми промени. Во понеделник ќе настапи преодно стабилизирање на времето .
