HomeАктуелноКазнети 30 возачи што вршат јавен превоз на ученици – 12 од нив возеле без возачка

Казнети 30 возачи што вршат јавен превоз на ученици – 12 од нив возеле без возачка

Во текот на вчерашниот ден (06.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролата санкционирани се 30 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.