HomeАктуелноОд утре замрзнување на цените и на овие производи

Од утре замрзнување на цените и на овие производи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините и млечните производи. Со одлуката ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата.

Според Бектеши, тестенините ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека во однос на млечните производи ќе се причека производителите до утре да се подготват зашто, како што рече, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот најави дека за овие одлуки тој и премиерот Димитар Ковачевски најверојатно утре ќе одржат брифинг со новинарите.

Тој дополни и дека е во постојана комуникација со производителите на млечни производи, но и со производителите на тестенини.

Претходно, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.