HomeАктуелноОхриѓанец и велгоштанец заработија кривична пријава, полицијата пронајде дрога

Охриѓанец и велгоштанец заработија кривична пријава, полицијата пронајде дрога

На 07.04.2023 во 01.25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(29) од Охрид и С.К.(26) од охридското село Велгошти. При контрола на патничко возило „фиат пунто” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.