Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока општествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТХ – Командерија Св.Наум Охридски-Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, доделија хуманитарни пакети со прехрамбени производи за 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
Командеријата Св.Наум Охридски, со 30 хуманитарни пакети со основни прехрамбени продукти, како мал придонес за обележување на големиот Христијански Празник – Воскресение Христово или Велигден, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Пакетите се наменети за социјално загрозени фамилии, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, ова е втора година по ред и сакаме ваквите хуманитарни акции да станат наша традиција, меѓудругото ги повикуваме сите хумани граѓани, организации и претпријатија да се приклучат на што е можно повеќе вакви акции, велат од организацијата.
Од организацијата изјаснија дека ќе продолжат со вакви хуманитарни акции, бидејќи големината на луѓето се мери со големината на делата кој ќе ги направи во својот живот и вистинската среќа доаѓа кога ја покажуваме љубовта и грижата кон оние на кој тоа им е најпотребно, бидејќи хуманоста, добрината и емпатијата се навистина многу значајни особено во едни вакви тешки и кризни времиња.

Е.Р


