HomeАктуелноЛевица со ПОВИК ДО ОХРИДСКАТА МЛАДИНА

Левица со ПОВИК ДО ОХРИДСКАТА МЛАДИНА

Општина Охрид на ден 20.04.2023 распиша ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ каде што можат да се пријават младински организации, политички подмладоци, организации на млади,  ученички и студентски организации и останати облици на здружување и јавниот повик трае 10 дена од денот на распишување на истиот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Недоволната посветеност за младите и недоволната активност на претходниот состав на Локалното собрание и совет на млади не мотивира уште повеќе да се избориме секој проблем на младите да биде решен и да ги елиминираме корумпираните младинци кои единствена цел им е само да земаат општински пари без да достават конкретни и суштински резултати.

Црвена Младина ги повикува сите млади од Општина Охрид да ни се приклучат во борбата така што ќе ни ги укажат проблемите со кои што ќе се соочуваат и да се избориме заедно со вас тие проблеми да бидат решени.

 Можете да ни доставите претставка, идеја или да пријавите проблем на младите во Општина Охрид на следниов линк (се е анонимно и нема начин да се открие вашиот идентитет): https://forms.gle/aT14xuvGcBpvrZZf8

Црвена Младина секогаш ќе биде ваш сојузник и во никој случај нема да се отстапи од тоа! – стои во нивната објава.

ЛИНК

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.