HomeАктуелноПовредени четири лица меѓу кои и малолетничка во тешка сообраќајка на патот Штип – Неготино

Повредени четири лица меѓу кои и малолетничка во тешка сообраќајка на патот Штип – Неготино

На 22.04.2023 во 20.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.