HomeАктуелноЗдружението на ветераните, СВР Охрид и ИПА денес ќе го одбележат Денот на македонската полиција

Здружението на ветераните, СВР Охрид и ИПА денес ќе го одбележат Денот на македонската полиција

Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-регион Охрид, СВР Охрид и Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид, утре на заедничка средба, ќе го одбележат 7 мај, Денот на македонската полиција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамките на свеченоста, на која, покрај полициски службеници и членови на здруженијата, се очекува присуство и на градоначалникот Кирил Пецаков, ќе биде отворена спомен собата на 6-та македонско народно ослободителна бригада по што ќе следува забавна и спортска програма, информираат од ИПА Охрид.

Средбата, додаваат, ќе се одржи во кругот на поранешната касарна во Охрид, со почеток во 10 часот и 30 минути.

Инаку, минатата година, во чест на 7 мај, денот на македонската полиција, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.