HomeАктуелноТвитер го напушти доброволниот кодекс на ЕУ за борба против дезинформациите

Твитер го напушти доброволниот кодекс на ЕУ за борба против дезинформациите

Социјалната мрежа Твитер се повлече од доброволниот кодекс на Европската Унија за борба против дезинформации на интернет, соопшти Европската комисија.

Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека Твитер се откажува од доброволниот Кодекс на добра практика за спротивставување на дезинформациите. „Но, обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер доцна синоќа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кодексот вклучува обврска за следење на политичкото рекламирање, запирање на финансирањето на авторите на дезинформации и соработка со организации за проверка на факти.

Бретон рече дека борбата против дезинформациите ќе биде законска обврска согласно таканаречениот Закон за дигитални услуги, кој стапува во сила на 25 август.

Новиот закон, исто така, значи дека компаниите ќе мора да ги модерираат своите платформи и да ги отстранат штетните содржини како што се дезинформациите и да имплементираат протоколи за да го блокираат нивното ширење. Компаниите, исто така, мора да ја зголемат транспарентноста во односите со своите клиенти и да ги поедностават договорите со нив.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.