Регионалниот ЦУК ШТИП известува за сообраќајна несреќа на патниот правец „Штип – СВ Николе“ кај селото Криви Дол помеѓу две патнички моторни возила. Од Сообраќајната полиција ЦУК има известување дека на местото на несреќата имало две загинати лица, а едно лице им подлегнало на повредите во клиничката болница во Штип. За другите повредени лица нема подетални информации , на местото на несреќата е излезен јавен обвинител и се врши увид на несреќата а сообраќајот ке биде во прекин се до завршување на увидот . Инаку, сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат кон СВ Николе,информираа од ЦУК.
