Поп-пејачката Антониа Гиговска позираше сосема гола во деветтиот месец од бременоста. Антониа пред извесно време го откри и полот на бебето, а сега, со новата фотосесија, му посвети нежна порака на неродениот син.

Бремена 36 недели. Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што нѐ чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од сѐ! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал. Моја копија. Те сакаме , напиша пејачката.
