HomeАктуелно(ФОТО) Игор го прослави својот 32-ри роденден, на тортата пишува: „САКАМ ТРИКАФТА“

(ФОТО) Игор го прослави својот 32-ри роденден, на тортата пишува: „САКАМ ТРИКАФТА“

Игор Пехчевски од Берово е човекот кој преку социјалните мрежи ја крена јавноста на нозе, во борба за добивање на лекот трикафта, за лица болни од цистична фиброза.
По неколку денови во медиумите, Игор преку социјалните мрежи доби голема поддршка од јавноста.
Се уште е свежа меморијата кога министерот за здравство рече дека тој „прави шоу“, на што Игор не остана должен и му објасни дека барањето лек, кој постои и тоа како не е шоу, туку само негово право.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Игор вчера наполни 32 години, а желбата останува иста – да добие лек. Поради тоа, на тортата јасно и гласно пишува „САКАМ ТРИКАФТА“.

Да се надеваме дека наредниот роденден, Игор ќе го прослави здрав, имајќи го лекот крај себе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.