Граѓаните на Србија на социјалните мрежи споделуваат фотографии од невремето проследено со град со големина на јајце.
Град паѓа во Чачак, Трстеник, Краљево и околните села и други места низ Србија.
Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, силниот град предизвикал проблеми во сообраќајот и кршел ветробрански стакла на автомобилите. Има штети и кај земјоделските култури. Како последица на невремето кое вчера ја зафати Србија почина 12 годишно дете од струен удар, а жена од Ковачица загина откако гром удрил во дрво, па се проширил на нејзината куќа.
