HomeАктуелноКонечно: Моќта на граѓаните и медиумите може и треба да биде поголема од институциите, утрово наместо чад, на Буково се гледа планина и зеленило

Конечно: Моќта на граѓаните и медиумите може и треба да биде поголема од институциите, утрово наместо чад, на Буково се гледа планина и зеленило

Во саботата мештаните од соседните села во близина на депонијата на Буково апелираа дека  пламен, густ чад и непријатна миризба се шири на  оваа локација.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сторијата на редакција на powerinfo.mk со апел до инститциите започна пред 5 дена, каде се побара одговорност за лошата состојба кај Буково.

Ден подоцна добивме и официјална информација од  РЦУК – Охрид .

Чад и пламен во вечерните часови можеше да се забележи и на магистралниот пад Охрид-Ресен, додека до нашата редакција реагираа и мештаните од соседните села кој сведочат за лошата состојба на овој терен, непријатната миризба и чадот  претставува секојдневен проблем што придонесува сред планина да дишат загаден воздух, а за тоа сведочат и фоторафиите на терен.

Состојбата стануваше алармантна, а нашата редакција, заедно со грашаните постојано бараа одговорност .

На Буково, покрај густиот чад и непријатна миризба се повеќе се гледаше и пламен  .

 

Депонијата кај Буково ќе чади се додека не се затрупа со земја, за powerinfo.mk изјавија од РЦУК-Охрид, додека противпожарната единица – Охрид по неколку часовната интервенција сметаа дека депонијата не е под нивна надлежност и дека тие не треба да го решаваат тој проблем.

Редакцијата на powerinfo.mk продолжи бурно да ја следи состојбата на Буково, според последната информација која што ја сподели Ј.П „Охридски Комуналец“ со јавноста е дека екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” повторно излегле на терен и депонијата е под секојдневен мониторинг. Депонијата беше третирана со алги со цел задушување на пожарот. Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја.

Имено, Ј.П „Охридски Комуналец“ во својата фб објава додаде дека на ден 29.07.2023 год.(сабота) во попладневните часови од страна на непознато лице е подметнат пожар на депонија Буково, додека екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегле на терен и ги превзеле сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот и нормализирање на состојбата во соработка со екипите на ППЕ од Охрид и Ресен, истиот ден пожарот беше стабилизиран и изолиран. Додека на ден 31.07.2023 год. исто така беше подметнат друг пожар на сосема друга страна од депонијата Буково, имено тие додаваат дека и за двата случаи беше поднесена пријава до СВР-Охрид од нивна страна, а подметнат пожар е од непознат сторител.

Во текот на вчерашниот ден предупредување издаде и ЦЈЗ – Охрид, во кој упатуваше апел  до сите граѓани и туристи, поради чадот од Буково да не се отвораат прозори рано наутро и во вечерните часови.

Имено, синоќа протекна и фб-настан кој се обединуваат граѓани од околните села на депонијата и излегуваат на протест под мотото „СТОП ЗА ДЕПОНИЈА БУКОВО“.

Конечно, денес после седум дена борба со институциите и дишење смрдеа, смет и загаден воздух денес на социјалните мрежи протекоа фотографии дека наместо чадот на Буково, се појави планината која што не беше возможно да се види од чадот и смредата што се ширеше.

фотографијата е преземена од граѓанин кој постојано реагираше за состојбата на Буково

Моќта на граѓаните и медиумите може и треба да биде поголема од институциите.

 

 

Подготви: Елена Ристеска

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.