HomeАктуелно23 повредени во земјотрес со јачина од 5,2 степени во Турција

23 повредени во земјотрес со јачина од 5,2 степени во Турција

Најмалку 23 лица се повредени во Турција во земјотресот со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион. Центарот за регистрирање земјотреси во Истанбул соопшти дека потресот се случи вчера во 20:47 часот по локално време. Неговиот епицентар бил во малиот град Јесилјурт во провинцијата Малатија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Покраината Малатија беше меѓу тешко оштетените од земјотресот на 6 февруари. Градоначалникот Селахатин Гуеркан изјави дека во Малатија загинале околу 2.300 луѓе.

На 6 февруари, два големи и последователни потреси ја разурнаа југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.