HomeАктуелноГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: При експлозии на бензинска, eдно лице загина, над 40 се повредени | ВИДЕО

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: При експлозии на бензинска, eдно лице загина, над 40 се повредени | ВИДЕО

Најмалку едно лице загина, а седум се тешко повредени во две експлозии синоќа на бензинска пумпа, во градот Креведија, Романија, а уште две лица се водат како исчезнати.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Властите во Дамбовица го активираа Планот за црвена интервенција.

Досега најмалку 46 лица се повредени.

„Нова трагедија вечерва ја потресе Романија и длабоко сум тажен што експлозиите во Креведија резултираа со жртви. Испраќам сочувство до семејствата на жртвите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Во моментов, приоритет е да се обезбеди целата поддршка на засегнатите. Штом ситуацијата во ризичната зона ќе се стабилизира, мора брзо да се започне истрага за да се утврди дали се прекршени законот и правилата. Барам властите да преземат итни мерки за повредени за да не се повторат трагедиите од минатото“, е пораката што ја испрати претседателот на Романија, Клаус Јоханис.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.