Голем пожар избувна во село Олешани, општина Зелениково итно е упатена Скопската противпожарна бригада, а пожарот за жал се приближува и кон викендиците додека истовремено алармантно е и во Старо Нагоричане, конкретно кај селото Бељаковце, каде пожарот пристигна и до првите куќи во селото.
Имено, како што изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рано наутро двата полициски хелихоптери и едниот армиски хелихоптер ќе полетаат кон местото на пожарот а до тогаш пожарникарите остануваат во борба со огнената стихија.
Е.Р
