HomeАктуелноВо еден ден две пријави за семејно насилство во Охрид, лишен од слобода охриѓанец

Во еден ден две пријави за семејно насилство во Охрид, лишен од слобода охриѓанец

На 30.08.2023 во 19.10 часот во СВР Охрид, 38-годишна жена од Охрид пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг М.С. и на тој начин постапил  спротивно на Решението од Основен суд Охрид 08.03.2023 со кое биле изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

Имено, повторно на 30.08.2023 во 19.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И.(47) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно се заканувал на неговата 45-годишна сопруга и нејзиниот 40-годишен брат.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

 

извор: СВР Охрид

подтотвил: Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.