HomeАктуелноОд понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“ со стандардно работно време

Од понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“ со стандардно работно време

Традиционално со почетокот на новата учебна година Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник, 4 септември, го враќа старото – стандардно време за работа со читатели.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пултот за зајмување книги од понеделник до петок ќе работи од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 17.00 часот а читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работи од 9 до 15.00 часот. Читалните ќе можат да ги користат само членовите на Библиотеката, информираат од Установата.

Потсетуваат дека за учениците годишната членарина чини 200 денари, а за возрасни 300 денари.

Прличевата одаја во слободни термини кога во неа нема активности на библиотеката со надомест можат да ја користат како место за одржување настани здруженија од невладиниот сектор и други институции, додаваат во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.