HomeАктуелноОд денес ќе се точи поскапо гориво во државава, еве ги новите цени

Од денес ќе се точи поскапо гориво во државава, еве ги новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,50 ден/лит.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ- 1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,00 ден лит.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.