HomeАктуелноИзраел до Палестинците: Кој нема да го напушти северот на Газа,ќе се смета за соучесник на Хамас

Израел до Палестинците: Кој нема да го напушти северот на Газа,ќе се смета за соучесник на Хамас

Палестинците велат дека добиле нови предупредувања од израелската војска да се преселат од северниот дел на Газа на југот на Појасот – во спротивно тие би можеле да бидат идентификувани како симпатизери на терористичката организација.

Пораката била доставена на флаери со името и логото на израелските одбранбени сили и испратена до луѓето преку аудио пораки на мобилни телефони низ Појасот Газа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Итно предупредување до жителите на Газа. Вашето присуство северно од Вади Газа го става вашиот живот во опасност. Секој што ќе одлучи да не ја напушти северна Газа и да се пресели јужно од Вади Газа може да биде идентификуван како соучесник на терористичка организација, се вели во летокот.

Израел претходно ги предупреди Палестинците да се преселат на југ, иако Палестинците изјавија дека претходно не им било кажано дека може да се сметаат за симпатизери на „терористи“ доколку не го направат тоа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.