HomeАктуелно299 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

299 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 27 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 55 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додааат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.