HomeДругоВремето денес! Синоптичарите со детална временска прогноза

Времето денес! Синоптичарите со детална временска прогноза

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 18 степен.

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови (над 20 l/m2). Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата од утре осетно ќе се намали.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.