Уште едно големо признание за нашиот светски карате судија, Милошевски кој живее и работи во САД. Неговиот континуиран успех и успешното промовирање на Македонија во САД и во светот преку каратето му го донесe најголемото признание оваа година од конзулатот на Македонија во Чикаго, САД. Му беа доделени сертификати за благодарност и признание за македонски карате амбасадор.

Овие сертификати следат затоа што Дејан позади себе има огромни резултати.
Оваа цела година во континуитет бев навистина фокусиран да го дадам максимумот и да направам големи спортски резултати. Покрај тоа успеав да бидам присутен и на сите поголеми интернационали натпреварувања во САД и на светското карате натпреварување во Будимпешта, вели Милошевски.

Немам зборови со кој би можел да ја искажам мојата благодарност до нашиот конзулат во Чикаго, што го препознаа мојот труд и континуираните успеси на моите ученици во клубот. Како македонски карате амбасадор ќе продолжам да ја претставувам Македонија гордо во најдобро светло секаде и секогаш. Благодарност до Карате Федерација на Македонија за континуираната подршка и секако до мојата фамилија и мојот тим, додава Милошевски.
Редакцијата на powerinfo.mk ги честита сите досегашни успеси на Милошевски!
фото: Дејан Милошевски
Подготвил: Елена Ристеска


