Александар Трајковски постигна златен погодок за Македонија и погоди за водство на гостувањето во Италија.
Италијанците постојано напаѓаа, но македонската репрезентација на крај успеа да го пронајде патот до мрежата на Џоналуиџи Донарума. Со прекрасен удар од далечина, нашиот напаѓач предизвика делириум на клупата и обезбеди конечна победа.
