Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов, денеска ќе одржат состанок со работната група во областа на енергетиката во рамки на Работната група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
Како што информираат од прес-службата на Владата, министрите Бектеши и Николов ќе одржат онлајн прес-конференција.
