СДСМ со прва прес-конференција во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ со жестоки обвинувања за партијата и новата претсетаделка.
Граѓаните и сите ние ги чуствуваме последиците од она што ни се случува на глобално ниво.Владата предводена од СДСМ во духот на вредностите на развивање на плуралистичко и солидарно општество кое го подобрува квалитетот на животот на работниците и ранливите групи и општеството во целина спроведува успешни економски политики кои даваат реални и видливи резултати.Со СДСМ платите растат многу побрзо и значително, дури и во глобална економска и енергетска криза. Просечната плата во јануари 2022 година изнесува 29.980 денари. На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања — просечна плата од 30.000 денари.Платите растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните.Минималната плата веќе ja покачивме на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари.Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе добиваат по 3.000 денари месечно повеќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април.Повисоки плати ќе добиваат и работниците кои досега земале плати по 16.000 и 17.000 денари.Ова се реални, видливи податоци кои ja потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.Во време на најголема економска и енергетска криза, СДСМ со вистински мерки и политики се грижи за заштитна на економскиот стандард на граѓаните. Покрај покачувањето на платите и пензиите, пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите.Ние не ветуваме, ние реализираме.Продолжуваме уште попосветено да работиме за да го подобриме животниот стандард на граѓаните. СДСМ останува и понатаму на трасираниот пат кон подобра иднина за сите. – истакна Кристина Крлеска Деспотоска во првиот јавен настап по изборот за претседател на ОО СДСМ Охрид.
Видео од обраќањето на Кристина Крлеска Деспотоска
На говорт на Крлеска Деспотоска, со свој коментар излегоа и О.К ВМРО – ДПМНЕ – Охрид,
Додека народот се чуди како да плати сметки, Крлеска-Деспотоска кажува приказни и лаги во кои повеќе никој не верува! Граѓаните се уморни од лица како Крлеска-Деспотоска и тие околу неа. Крлеска-Деспотоска да се заврти надесно и нека го праша Директорот на државното претпријатие ,,Колектор” колку и дали цената на колекторот е поскапена двојно? Нека се заврти налево и нека ја праша Жаклина Лазаревска колку е поскапена цената на струјата, на горивата, на плинот? Но може да ја сфатиме Крлеска-Деспотоска дека не чувствува економска криза бидејќи Владата за едни дели пари и враќа долгови на блиски фирми до неа за разлика од обичните граѓани. Во нивниот паралелен свет тече мед и млеко, а во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте. Крлеска-Деспотоска да одговори дали поскапената цена на струјата ќе значи и поскапување на водата за пиење? Сите знаат дека СДСМ ја покачи цената на струјата за 30% само Крлеска-Деспотоска не. Да ја потсетиме дека ефектите од нивните лоши политики се поголема сиромаштија, уништен стандард, најнизок раст на економија и зголемен долг. Што да се очекува од истите луѓе, истите лаги, истото потценување на граѓаните. Предвремени парламентарни избори за да се ослободат државните институции од канџите на СДСМ. – се вели во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид
