HomeАктуелноИ ДУИ ќе оди со свој кандидат за претседател, ќе настапат со Бујар Османи

И ДУИ ќе оди со свој кандидат за претседател, ќе настапат со Бујар Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе биде кандидатот за претседател на ДУИ, објавува ТВ21 која информираше дека го добиле говорот на Али Ахмети кој утре ќе го чита на прес-конференцијата која е најавувана четири дена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што пренесува телевизијата, лидерот на ДУИ ќе бара поддршка од Албанците на овие избори, за да кажат „не“ на влијанието на Русија во Македонија.

Ахмети утре ќе соопштел две одлуки: Партијата има црвени линии за формирање на следната Влада, а тоа е отворање на Устав и внесување на Бугарите и втората одлука на ДУИ е дека Бујар Османи е нивниот кандидат за претседател на државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.