Денеска (01.04.2022) во Битола, полициски службеници од СВР Битола, Отсекза општ криминал , го лишиле од слобода Р.М(32) од Битола.Тој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело по чл 215 од Кривичниот законик. Р.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување казната.
