HomeАктуелноПриказна која што ќе ви го распарчи срцето, бездомник 35 години живее под кајче

Приказна која што ќе ви го распарчи срцето, бездомник 35 години живее под кајче

Животот е еден и често кажуваме дека треба да се живее и искористи максимално секој изминат ден, но, не ретко тој знае да ја покаже неговата суровост и сите свои лоши страни.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Да имаш покрив над глава да преспиеш е она најосновното нешто во животот за да ти биде обозможено да работиш на останатото.

Но, за жал некој го нема ниту тоа и е принуден да се снаоѓа како знае и умее. Чамец сместен во населбата Лагадин на самиот брег на Охридското езеро веќе подолго време му е дом на повозрасен граѓанин.

Тој тврди дека овде живее веќе 35 години. Немајќи каде да живее, тој засолниште од студот и дождот нашол под овој чамец.

Поради здравствени проблеми и скршена нога, денеска не можеше да излезе од чамецот. Кажа само дека нема храна, лекови и дека вода пие од езерото.

Немам пари, ги изгубив сите документи, а ногата ми е скр шена, вели овој бездомник пред камерите на Алфа телевизија

Зима овде живем под чамецот. Храна ми донесува еден човек и од некој други хумани граѓани добива, а вода пијам од езерото, – Од пари имам само два денари, дојде Брзата Помош ми помогна и ми даде терапија околу ногата па ќе видиме што ќе биде. – додава тој.

За Алсат телвизија пак овој човек вели дека имал работено во Америка, но оти останал без сите документи, а како бездомник живее долго.

Јас ништо не работам сега. Ги имам изгубено документите. Ми треба едно ќебе едно одоздола едно одгоре. Овде е убаво. Не врне…, вели бездомникот.

Од Брзата помош во Охрид за Алсат рекоа дека вчера доцна попладне примиле повик за човек кој живее под кајче и на кого му е потребна итна помош.

Нивна екипа веднаш интервенирала, по што констатирале дека човекот е со повр еден скочен зглоб на левата нога. Откако му направиле преврска, му дале соодветна терапија, се обиделе да го транспортираат во болницата за ортопедија и трау матологија Свети Еразмо, но тој тоа го одбил, по што пријавиле и во полиција.

Според наша проценка, станува збор за лице на возраст помеѓу 75 и 80 години. Граѓани случајот го пријавиле и во Центарот за социјални работи и Центарот за управување со кризи, пишува Klaster MKD

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.