HomeАктуелноПретрес во ресенско, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во ресенско, пронајдена дрога, приведен дилер

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола,  вчера извршиле претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во село Сливница,  каде привремено престојувал С.В. (20) од с. Долни Манастирец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана. По преземени мерки од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, С.В. е пронајден и лишен од слобода во Битола и при извршен преглед врз него пронајдена е поголема количина марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека С.В. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.