HomeАктуелноПравославните христијани денес го слават Свети маченици Кирик и Јулита, дел од нивните мошти се чуваа во црквата „Св. Богородица Болничка“ во Охрид

Православните христијани денес го слават Свети маченици Кирик и Јулита, дел од нивните мошти се чуваа во црквата „Св. Богородица Болничка“ во Охрид

Светата православна црква денес го одбележува поменот на светите маченици Кирик и Јулита.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на римскиот цар Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните настрадала и светата маченица Јулита со својот петгодишен син Кирик. Јулита рано останала вдовица и живеела во градот Иконија. Кога месниот владетел Александар разбрал дека Јулита станала христијанка ја повикал и најпрвин со убедување се обидел да ја поврати во многубоштво. Но кога во тоа не успеал ја уценил со нејзиниот син. Тогаш Јулита се уплашила но синот и дал знак да не се откажува од вербата во Христа поради што разбеснетиот владетел со нога го турнал од вториот кат и детето на место останало мртво. Потоа Јулита била мачена и со меч и била отсечена главата. Тоа се случило во 296 година.

Дел од моштите на Светите маченици Кирик и Јулита беа чувани како вредна реликвија во црквата Света Богородица Болничка во Охрид која датира од 14 век, но исчезнаа во кражба која се случи во мај 2006 година.

Тропар

Младенци постојано кон Тебе итаат, Христе Боже, душата не знае за години, Кирик топла љубов посакувајќи, во Твоите бедра глава закрили, а мајката негова Јулита света, пред нозете Твои поклони принесе, нив прославувајќи ги, о Господи, нас заштити не’, спаси и помилуј.

Кондак

Христовата маченица Јулита, носејќи го Кирика во прегратките, во подвигот храбро веселејќи се, повикуваше: Христос е пофалбата на мачениците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.