HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во крајните северозападните делови ќе има локален дожд.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло, велат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.