HomeАктуелноФереро повлекува одбрани серии на Киндер производи

Фереро повлекува одбрани серии на Киндер производи

Фереро доброволно повлекува одбрани серии на Киндер производи во Република Северна Македонија како мерка на претпазливост.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Фереро соработува со локалните власти за храна за можна поврзаност со голем број пријавени случаи на салмонела во други земји надвор од Република Северна Македонија. И покрај тоа што ниту еден од нашите Kиндер производи пуштени во промет на пазарот не се позитивни на салмонела и досега не сме добиле поплаки од потрошувачите, ние го сфаќаме ова крајно сериозно, бидејќи грижата за потрошувачите е наш главен приоритет.

Како мерка на претпазливост, ја донесовме одлуката доброволно да ги повлечеме следните броеви на лотови од Kиндер шоко бонс и Киндер сорпреса макси во Република Северна Македонија, кои се произведени во Бе

Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите производи на Kиндер, не се засегнати од ова доброволно повлекување.Работиме со нашиот дистрибутер за да се осигураме дека овие производи повеќе не се достапни за купување. Доколку имате еден од овие производи, ве советуваме да не го консумирате. Ве молиме чувајте го производот и контактирајте го нашиот тим за грижа на потрошувачи на следниот меил: potrosacki-servis@ferrero.com.Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите производи на Kиндер, не се засегнати од ова доброволно повлекување.

Безбедноста на храната ја сфаќаме исклучително сериозно и жалиме за оваа непријатност.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.