На 09.04.2022 година околу 16 часот, било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во Охрид.
Во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред со карање, викање и непристојно однесување од Р.К.(45) и С.Ѓ.(42), двајцата од Охрид. Против
нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Додека на 08.04.2022 година околу 16 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид нарушен e јавниот ред и мир со викање и закани упатени од Т.Н од Битола кон Б.А.(61) од Гостивар. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. –се вели во соопштението на СВР Охрид.
