HomeАктуелноСостојбата на патиштата во земјава

Состојбата на патиштата во земјава

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, додека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

Додека патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Од охридска страна, сообраќајот се одвива до месноста Корита.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.