HomeАктуелноПриведен дилер на дрога, пронајдени кокаин и марихуана

Приведен дилер на дрога, пронајдени кокаин и марихуана

На 09.04.2022 во 23.30 чaсот на наплатна станица Сопот, од страна на полициски службеници  Одделот за сериозен и организиран криминал – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, СВР Битола и во содејство со Единица за службени кучиња од слобода е лишен Д.Д.(33) од
Битола, поради основи на сомнение за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, при преглед на патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., биле пронајдени и одземени ќеса со кокаин и едно пакување со марихуана. Лицето е приведено во СВР Велес за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.