HomeАктуелноЕве кој намирници ќе поскапат до крајот на годината

Еве кој намирници ќе поскапат до крајот на годината

До крајот на годината се очекува поскапување на различните прехранбени производи, а американското Министерство за земјоделство во својата прогноза наведува за кои прехранбени производи станува збор.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Стејт департментот на САД, цените на храната во февруари 2022 година биле за 7,9 отсто повисоки отколку во февруари 2021 година, а како примарна причина за зголемувањето на цените се наведува конфликтот во Украина.

Масти и масла – Се очекува мастите и маслата да поскапат за 6 до 7 отсто.

Свежо овошје – Се очекува поскапување од 5 до 6 отсто.

Свеж зеленчук – Се очекува поскапување од 1 до 2 отсто.

Преработено овошје и зеленчук – Се очекува зголемување од 4,5 до 5,5 отсто.

Шеќер и слатки – Се очекува поскапување од 3 до 4 отсто.

Житарици и пекарски производи – Се очекува зголемување од 3 до 4 проценти.

Безалкохолни пијалоци – Се очекува пораст од 3,5 до 4,5 отсто.

Според Business Insider, една од главните причини за зголемувањето е војната во Украина. Руската инвазија на Украина предизвика недостиг на вештачки ѓубрива, го наруши земјоделството ширум светот и доведе до повисоки цени.

Покрај војната, на нарушувањето на цената влијаеја и климатските промени. Имено, уште пред руската инвазија, влошената климатска криза го отежна снабдувањето со храна.

ОН претходно соопштија дека во текот на следните три децении „снабдувањето со храна и безбедноста на храната ќе бидат сериозно загрозени доколку се преземат малку или никакви мерки за справување со климатските промени и ранливоста на системот за храна од климатските промени“.

 

извор: TV21

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.