HomeАктуелноСоветот во Кривичен утре или задутре ќе одлучува по жалбата на Зеќири за притворот

Советот во Кривичен утре или задутре ќе одлучува по жалбата на Зеќири за притворот

Кривичниот совет во наредните два дена ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30-дневниот притвор..

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Адвокатот на генералниот секретар во оставка вчера поднесе жалба на одлуката. Тој за Канал 5 потврдил дека со поднесената жалба ги оспорил сите основи за определениот притвор на Зеќири како опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците..

Зеќири е од петокот во истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството од каде соопштија дека против него е отворена истрага по сомнежи дека ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.