HomeАктуелноЈП Македонија пат: Сите расположливи екипи се на терен и во континуитет вршат расчистување на државните патишта

ЈП Македонија пат: Сите расположливи екипи се на терен и во континуитет вршат расчистување на државните патишта

Сите расположливи екипи се на терен и во континуитет вршат расчистување на државните патишта, информираат од Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Додаваат дека по добиените информации од терен, сите државни патни правци се проодни за сообраќај, истиот се одвива во зимски услови и по влажни коловози.

Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови, притоа:

– задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата
– внимателно да управуваат со возилата,
– да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација,
– да ја прилагодат брзината спрема условите на патот

Исто така апелираат да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.

Информираат дека во континуитет ја следат состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.